Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е гостин во живо во програмата „Аманпур“ на Си-Ен-Ен. Тема на разговор се случувањата во Бањска на 24 септември.
На почетокот на гостувањето, Вучиќ рече дека секогаш ги ценел извештаите од Белата куќа, но дека вистинското прашање е што извештаите не се целосно точни.
– Во 2001 година потпишавме аранжман со НАТО за пристап до копнената безбедносна зона и беше договорено да ја користиме без никакви ограничувања. Сега имаме 4.400 војници во зоната и тоа е нормално – изјави Вучиќ за Си-Ен-Ен.
– Слушаме и следиме и сакаме деескалација. Сакаме да видиме поголемо присуство на КФОР на Косово, затоа се надеваме дека тие ќе ги поддржат Србите и нивната безбедност на Косово, особено на север – изјави претседателот на Србија.