Спортистите ширум светот поставија нови светски рекорди за денот на Гинисовата книга на рекорди.
За да бидете во друштво на познати личности, треба да откриете во што сте најдобри, постојано да вежбате, да верувате и на крајот истото да го крунисате со ласкав Гинисов сертификат дека сте најдобри во она за што аплициравте за да го соборите рекордот.
Целта на влезот во Гинис според многумина е можност да се надминат себеси, но и да бидат инспирација за другите да го испробаат она во што се најдобри.
Дали е соборување рекорд влечење автомобил на 50 метри, за само една минута, 13 секунди и 29 стотинки, додека одите на раце, или правењето салто наназад на една нога за половина минута, тоа е прашање на вештини во кои можете да ги покажете своите способности.
До Гинисовата книга на рекорди се доаѓа и со помош на стап за скокање со кој натпреварувачот може да прескокне неколку паркирани автомобили по ред.
Талент е и кога гимнастичарот прави пресврт во воздухот меѓу две шахти на растојание од шест метри. Но и кога ќе го скроти својот велосипед BMX за триесет секунди.
Ако верувате во себе, ве чека Гинис.
