Г-дин Петар неколку години страда од очен притисок. Тој, но и сите граѓани, денеска имаа можност за бесплатен преглед во организација на Здружението на офталмолози, по повод Светскиот ден на глаукомот. Како што вели Петар, тука е бидејќи во ординациите веќе една година чека за бесплатен преглед.
Покрај Петар, проблеми со видот имаат голем број на граѓани. Велат, дека лековите и терапиите не можат да се најдат на рецепт, само приватно.
Последиците од глаукомот се сериозни и доведуваат до потполно слепило, објаснува универзитетската професорка Весна Димовска.
Граѓаните не се доволно информирани. Глаукомот кој уште се нарекува и тивок крадец на видот се развива без да има видливи симптоми додека не се намали значително видот на едното око, и доколку не се дијагностицира и лекува навремено најчесто води до слепило.
Статистичките податоци покажуваат дека на светско ниво од болеста глауком погодени се околу 2%. Во Македонија не постои национален регистар за дијагноза на пациенти со глауком.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ