Главниот диригент на Бољшој театарот во Москва поднесе оставка

Диригентот Туган Сохиев најави оставка од функцијата музички директор и главен диригент на Бољшој театарот во Москва.

Сохиев, кој исто така со години работи во Франција, ќе се повлече од функцијата музички директор на Националниот оркестар на Тулуз. Во емотивна изјава тој рече дека секогаш ќе биде против конфликт во која било форма.

Тој додаде дека е многу горд што доаѓа од „земја толку културно богата како Русија, но и многу горд што е дел од францускиот музички живот“.

Но, тој вели: „Бев под притисок да го направам невозможното и да изберам еден од тие светови откако Русија ја нападна Украина“ и затоа решив да се повлечам.