Себични кон другите, а никако кон себе, затоа што сакате неограничено да уживате во сите задоволства на животот. Како дете сонувате да патувате низ светот, да возите скап и луксузен автомобил.
Страст
Сакате да се бакнувате и тоа не само со еден партнер, туку пред се сакате да победувате. Забавите на кои одите се само места за освојување за вас. Обожавате да се додворувате, да му се восхитувате на „пленот“ со возбудлива приказна и авантуристички дух. А тој дух понекогаш те носи во далечни земји познати по своите вешти љубовници.
Завист
Премногу сте дарежливи и оптимисти за да бидете многу завидливи. Во вашиот ум – ако не победивте денес, сигурно ќе победите на следниот натпревар; ако не можете да го купите она што сте го замислиле денес, ќе го купите следната недела. Најмногу им завидувате на оние кои се поканети на прославата со угледни луѓе, од кои сте изоставени.
Ненаситност
Склони сте да претерате со храна и пијалоци, а полупразен фрижидер ве фрла во очај. Сакате да пробувате специјалитети од целиот свет, особено во општеството. Голема и полна трпеза со храна ве прави среќни. Не сте алчни само во јадењето. Грешни сте и кога се парите во прашање бидејќи ги трошите премногу брзо.
Бес
Ги знаете фазите на нескротлив, див бес, но тој главно е краткотраен. Не се задржувате долго на она што ве налутило. По расправија во која сте покажале изливи на гнев, брзо се смирувате. Ако сте биле лути на пријател, љубов или деловен партнер, можно е повторно да воспоставите позитивна врска.
Мрзеливост
Понекогаш сте многу мрзливи, но брзо се откупувате со тоа што сте секогаш активни. Покажувате интерес за култура и патувате на непознати места.
Вие сте љубител на природата кому не му пречи ниту лошото време да го посети излетничкото место. Спортувате претежно рекреативно. Ако не сте мотивирани, можете да јадете и да јадете цел ден.
