Наставничката која минатата недела уби осумгодишна ученичка во центарот на јужнокорејскиот град Даеџон, очигледно тоа го направила со предумисла, соопшти денеска локалната полиција.
Првоодделенката на 10 февруари била пронајдена со убодни рани во празна училница, а наставничка на 40-годишна возраст признала дека го избодела девојчето до смрт.
Полицијата во Даеџон соопшти дека наставничката, чие презиме е Мјеонг, пребарувала на Интернет за оружје за убиство, како и дека барала написи за претходни случаи на убиства, што било оценето како нејзина подготовка за извршување на злосторството, објави Јонхап.
Од полицијата соопштија дека се земени искази на поврзани лица, како и дека е извршено вештачење на нејзиниот телефон, пред условно да се констатира дека се работи за планирано кривично дело.
Мјеонг, која се обиде да се самоубие откако ја уби ученичката, моментално се опоравува на одделот за интензивна нега, што најверојатно ќе го одложи нејзиното сослушување, изјави полициски службеник.