Пред 20 години овие девојки го полудеа целиот свет. Ретко кој не го слушнал нивниот голем хит или не играл со него неколку пати. Чудна судбина доведе до планетарниот успех на овие сестри, а денес сите се прашуваат каде е популарната шпанска група „Las Ketchup“.
Познатите сестри Лусија, Лаура, Пилар и Росио Муњоз пееја песна која ги собори сите рекорди уште во 2002 година.
Сепак, по оваа песна не успеаа да најдат подеднакво добра песна, па светската слава сега е далеку зад нив. Иако многумина им предвидуваа меѓународна кариера, сестрите не успеаа.
По првиот хит тие се повлекоа од јавноста за да работат на нова музика, а во тој период Пилар роди дете, па бендот извесно време беше на пауза поради приватни причини. Ним им се придружи нивната четврта сестра Росио, со која се појавија на Евровизија во 2006 година, каде ја претставуваа Шпанија и завршија на 21. место.
Сестрите се уште настапуваат во својата земја, но повеќе се посветени на семејниот живот.
