Живот

Го празнуваме Преподобен Тимотеј

Го празнуваме Преподобен Тимотеј

Пустиник на местото наречено Символи, на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и сè до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд.

Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А бидејќи на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, му даде и на Тимотеј.

Трудејќи се околу својата душа, Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет човек се упокои во 795 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни