Живот

Го славиме Свети Анастасиј – Спасо Радовишки

Го славиме Свети Анастасиј – Спасо Радовишки

Свети Анастасиј Радовишки или свети Спасо Радовишки (Радовиш 1774 – Солун 11 септември 1794) е словенски светител – новомаченик. На дваесет години родителите го испратија во Солун да учи занает.

Таму го присилуваа да прими ислам, а откако не се откажа од својата вера, беше жестоко измачуван.

Но тој ги поднесе сите страдања и најпосле, одејќи кон за него приготвената бесилка, измачениот Анастасиј падна и ја предаде својата душа на Господа.

По неговата маченичка смрт, преподобниот Никодим Агиорит го напиша неговото житие.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни