Го славиме Свети Вукол, епископ Смирненски

Ученик на свети Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени.

Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа.

Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост.

Пред смртта, Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господа.