Македонија

Го удрила со тврд предмет, па го турнала во реката – обвинителството ја сомничи 17 годишната девојка за смртта на една година помладото момче

Го удрила со тврд предмет, па го турнала во реката – обвинителството ја сомничи 17 годишната девојка за смртта на една година помладото момче

Го удрила со тврд предмет, а потоа го турнала во реката. Ова е верзијата по која работи Обвинителството во врска со случајот со 16 годишното момче кое вчера беше мртво извлечено од водите на реката Пена кај Тетово.

Поради ова, Обвинителството бара притвор за 17 годишната девојка која е осомничена за смртта на една година помладото момче.

Обдукцијата врз телото на 16 годишникот е завршена, а од Судска медицина за 4NEWS.mk велат дека извештајот е испратен во Јавното обвинителство. Од таму неофицијално дознаваме дека имало повеќе удари врз телото, но во моментов не ја соопштуваат кога настанала смртта, дали по ударите или давењето во водите на реката Пена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни