Македонија

„Ѓоко Котевски направи многу за „Шутка“ – не го даваме тој е вреден човек“

По добивање на барањето за оставка од директорската функција во затворот во Шутка, на Ѓоко Котевски му излегоа во пресрет чуварите на затворот. Тие немаат исто мислење со премиерот Заев дека Котевски треба да даде оставка. За ова, над 80 вработени од оваа институција потпишаа петиција преку која бараат директорот да продолжи со работа на истата функција.

Вработените преку пишана изјава се обратија до ТВ21, велејќи дека Ѓоко Котевски работел многу за подобрување на условите во овој затвор.

„Во времето додека директор беше Ѓоко Котевски, направени се безброј проекти за вработените така и за притворените лица. Целосно се реновирани 30 ќелии во притвор од сопствени средства, во фаза на реновирање се и ходниците во притвор, во полуотвореното одделение и отвореното одделение целосно се реновираат 3 бањи, сите од донации, направен е нов паркинг од 600 квадрати за вработените, поставени се столици во улицата пред затворот“, велат од групата на затворски чувари во „Шутка“.

Премиерот Заев пред два дена побара оставка од Костовски.

ТВ21 побара одговор и од Владата во врска со тоа кој ќе биде вршител на должноста на директор на “Шутка“. Од таму ни рекоа дека тоа ќе се разгледа на утрешната владина седница.

„На владина седница, која е закажана за утре ќе се разгледа оставката на директорот на затворот во Шутка, земајќи во предвид дека се наоѓаме во предизборен период за евентуално именување на нов директор“, велат од Владата на Северна Македонија.

До оставка на директорот дојде по инцидентот со Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски и осудените од „Диво Насеље“. По инцидентот, Ѓоко Котевски рече дека инцидентот бил инициран од притворениците. Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, ги провоцирале осудениците на „Диво Насеље“.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни