Свет

Голем чекор во борбата против ракот: вакцина го намалува враќањето на меланомот

Голем чекор во борбата против ракот: вакцина го намалува враќањето на меланомот

Експериментална персонализирана вакцина против рак, развиена од Moderna и Merck, покажа значајни резултати во спречувањето на повторно појавување и ширење на меланомот кај пациенти со висок ризик.

Во големата студија, вакцината базирана на mRNA, во комбинација со имунотерапијата Keytruda, значително го продолжила периодот без повторување на болеста. Резултатите покажале и намален ризик од ширење на ракот во други органи.

Вакцината е персонализирана за секој пациент – по операцијата се анализираат мутациите во туморот, по што се создава вакцина дизајнирана да го поттикне имунолошкиот систем да ги препознава и напаѓа преостанатите канцерогени клетки.

Од компаниите велат дека резултатите претставуваат важен чекор во развојот на персонализирани mRNA терапии против рак. Дополнителни клинички испитувања се спроведуваат и за други видови карцином.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни