Голем дел од Скопје без вода – сериозен дефект на водоводна цевка на улица во Влае

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ информира дека вечерва е регистриран сериозен дефект на главната водоводна цевка со дијаметар Ф600 мм на улица Франце Прешерн 100Д во населбата Влае.

Поради овој дефект, голем дел од градот ќе остане без вода, додека во останатите делови водоснабдувањето ќе се одвива со значително намален притисок.

„Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности,“ соопштија од претпријатието, додавајќи дека техничките екипи веќе се на терен и работат на санирање на проблемот.

Од „Водовод и канализација“ апелираат граѓаните да бидат трпеливи и да обезбедат потребни резерви на вода, бидејќи времето на санацијата во моментов не може точно да се предвиди.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.