Македонија

Голем метеж на „Ќафасан“ – 30.000 патници за три дена

Голем метеж на „Ќафасан“ – 30.000 патници за три дена

На граничните премини кон Албанија, особено на „Ќафасан“ кај Струга, продолжува засилен проток на патници и возила. Според податоците од албанските медиуми, во последните три дена преку овој премин се регистрирани околу 30 илјади патници и над 11 илјади возила. Најголем дел од патниците се странски туристи кои го избираат албанското крајбрежје за летен одмор.

За полесно справување со зголемениот метеж, граничните власти на „Ќафасан“ активирале четири шалтери за патници и еден шалтер за тешки товарни возила.

Зголемен сообраќај има и на преминот „Блато“ кај Дебар, кој станува сè пофреквентен поради изградбата на автопатот „Патот на Арбр“, кој ја скратува рутата до Тирана на само 70 километри.

Според податоците од македонското Министерство за внатрешни работи, преминот „Блато“ годинава бележи рекордна фреквенција – во првите шест месеци го поминале 574.737 патници, што претставува зголемување од 55 отсто во споредба со истиот период лани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни