Македонија

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци – се сомнева на човечки фактор

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци – се сомнева на човечки фактор

Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци се на терен и го локализираат огнот, додека градоначалникот Јанчев апелира до граѓаните за претпазливост.

Голем пожар попладнево избувна на депонијата „Мелци“ во близина на Кавадарци, каде што интензивно интервенираат голем број екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кавадарци.

Според првичните сознанија, постојат сомнежи дека пожарот бил подметнат или предизвикан од човечка небрежност.

Општина Кавадарци упати апел до сите граѓани да не се приближуваат до зафатениот регион и стриктно да ги почитуваат насоките на надлежните служби.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни