Македонија

Голем пожар кај полигонот Криволак – засега не се интервенира бидејќи е на непристапен терен, се очекува да пристигне хеликоптер

Голем пожар кај полигонот Криволак – засега не се интервенира бидејќи е на непристапен терен, се очекува да пристигне хеликоптер

РЦУК Велес информира дека од дежурниот во ТППЕ Неготино на подрачјето на Oпштина Неготино e добиена информација за појавен пожар на полигонот Криволак.

Според нив, стапено е во контакт со Воениот Полигон Криволак од каде известиле дека појавен е пожар на АБХ стариот полигон на непристапен терен.

„За точното време на појавување не е познато, се смета дека најверојато во ноќните часови. Изутрината се известени од дежурниот во Полигонот“, велат од ЦУК.

Тие додаваат дека за пожарот известени биле надредените во АРМ и е побарано интервенција со хелихоптер заради непристапниот терен и дека истиот е од поголем обем.

Засега нема интервенција на истиот затоа што не можат да пристапат до теренот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни