Во околината на Каламици на вториот крак на Халкидики, моментално горат шума и сува трева, а пожарот брзо се жири и во околните места.
Со пожарот се борат 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари. Местото го надлетува и специјален авион за гаснење на пожарот.
На социјалните мрежи може да се забележат коментари на кои пишува дека видливоста на патот од Солун кон Неа Мудања е многу слаба, а автомобилите се паркираат, чекајќи ситуацијата да се смири па да продолжат со патувањето кон крајната дестинација.
The post Голем пожар на вториот крак на Халкидики appeared first on ТВ21.