Денес, (четврток) 02.10.2025 година во 17.25 часот, во кругот на ЈПКД Комуналец во објектите кои се користат како магацини избувна голем пожар. Веднаш беа испратени 4 ПП возила и 15 пожарникари-спасители.
Пожарот беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Беше побарано од страна на ЕВН да се исклучи струјата поради голема опасност за животите на пожарникарите-спасители кои беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гасеа пожарот.
Друг тим во исклучително тешки и опасни околности заради дождот што врнеше изврши отварање на лимениот кров и овозможи обезчадување на просториите.
Пожарот е локализиран и ликвидиран, на лице место сеуште дежури еден тим заради целосна контрола. Причинета е голема материјална штета.