Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“.
Пожарот, кој првично започнал во една од куќите, брзо се проширил и на соседните објекти, предизвикувајќи значителна материјална штета и опасност за жителите.
Според информациите, на терен излегле од Бригадата за противпожарна заштита со 10 возила.
Според МВР, шест лица побарале лекарска помош поради вдишување чад, меѓу кои и тројца полициски службеници.
„На 13.07.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скупи“ во Скопје настанал пожар во кој биле опожарени шест куќи, додека на две куќи биле зафатени делови. Во пожарот малолетник се здобил со повреда и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Во истата болница била пренесена и Ш.С.(34) поради вдишување на чад. Исто така, Р.С.(69), Х.Х.(49) и тројца полициски службеници, поради вдишување чад, побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат“, велат од МВР.