Од УХМР известуваат дека продолжува периодот на топло време придружувано со јужен ветер кој предизвика топење на снегот и значително зголемување на водостоите на реките во западниот дел на земјата.
Иако кон крајот на вчерашниот ден и ноќта имаше извесно намалување на водостоите, сепак денес се очекува да продолжи топењето на преостанатиот снег од високите планини и водостоите уште да бидат високи во западните делови на земјата, односно во сливот на р.Треска, горниот дел од сливот на р.Вардар, р.Радика, р.Сатеска, р.Пена, р.Голема (Ресенска), р.Коселска, како и на останатите помали реки и суводолици во тој дел. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во западните делови на земјата, особено во сливот на р.Треска и горниот дел од сливот на р.Вардар.