Македонија

Првообвинет во случај за организиран криминал пуштен од притвор со гаранција?!

Првообвинет во случај за организиран криминал пуштен од притвор со гаранција?!

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сè уште официјално ја нема примено одлуката на Апелациониот суд Скопје, кој според достапните информации, вчера донел решение со кое првообвинетиот во предмет на обвинителството е пуштен на слобода со понудената гаранција и му се определени мерки на претпазливост.

Иако обвинителството не ги коментира судските одлуки на Апелациониот суд, бидејќи на нив нема право на жалба, сепак нагласува дека во конкретниот случај, ставот на надлежниот јавен обвинител бил континуирано негативен во однос на замената на мерката притвор.

Станува збор за обвинет кој, според истрагата, бил организатор на повеќечлена криминална група од охридско-струшкиот регион, која подолг период се занимавала со нелегална трговија со дрога и оружје. Тој во ноември 2023 година успеа да избегне апсење при полициска акција, по што по него беше распишана национална и меѓународна потерница. Подоцна е фатен на аеродромот во Тирана и екстрадиран во Македонија, по што истражната постапка продолжи, а судот му изрече притвор кој повеќепати беше продолжуван од Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, и покрај понудените гаранции за поблага мерка.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни