Свет

ГОЛЕМА СРЕЌА: 13-годишно момче преживеа пад од 30 метри во Големиот Кањон

ГОЛЕМА СРЕЌА: 13-годишно момче преживеа пад од 30 метри во Големиот Кањон

Тринаесетгодишно момче преживеа пад од височина од речиси 30 метри во Големиот Кањон во американската сојузна држава Аризона.

На спасувачите им беа потребни два часа за да го извлечат Вајат Кауфман на безбедно, откако тој падна од карпа на популарната туристичка точка во Северен Рим во вторникот.

Со тешки повреди со хеликоптер и авион бил префрлен во болница, но потоа бил пуштен на домашно лекување.

Вајат за локалната телевизија изјави дека паднал откако се поместил за да избегне да влезе во рамката на луѓето кои се фотографирале на самото место.

Тој се спуштил и со едната рака се држел за камен, кој му се лизнал од раката и почнал да паѓа.

„По падот не се сеќавам на ништо. Само се сеќавам дека се разбудив за секунда и бев во амбулантно возило и хеликоптер и ме качија во авион“, изјави Кауфман за телевизијата Феникс KPNX додека лежеше во болница.

Скршил девет пршлени, му пукнала слезината, ја скршил раката, а белите дробови му откажуваат.

Вајат беше донесен на безбедно од страна на членовите на тимот на Националниот парк Гранд Кањон, кои се спуштија од карпата до него, бидејќи проценија дека хеликоптерот нема да може да слета поради неповолниот терен.

„Многу сме благодарни за напорите на сите“, изјави Брајан Кауфман, таткото на Вајат, кој во моментот на несреќата бил дома во Северна Дакота.

„Исклучително сме среќни што детето дојде дома кај нас, седејќи на предното седиште од автомобилот и не ни беше предадено во ковчег“, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни