Свет

Големите снежни наноси ја блокираа Италија, се создаде колона долга 16 километри

Илјада возила беа блокирани поради снежните врнежи на патот кој ги поврзува Италија и Австрија. Колоната беше долга 16 километри, а околу 200 заглавени луѓе се спасени.

Портпаролот на спасувачката служба на покраината Болкано рече дека е тешко да се процени колку возила има во колоната, но дека има преку 1.000, пренесе Ројтерс.

Додаде дека околу 200 лица се спасени кои останале заглавени во автомобилите поради ладното време.

Утринава и лавина затрупа дел од автопатот, што дополнително ја отежна ситуацијата. Сообраќајот бил нормализиран во попладневните часови, но и натаму имало „заробени“ возила.

Засега нема информации околу повредени лица.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни