Горан Бреговиќ е тешко повреден по пад од мотор

Горан Бреговиќ е тешко повреден кога паднал од мотор во Париз, поради што морал да ги одложи концертите, објавија српските медиуми.

Познатиот музичар го повреди рамото, раката сега му е имобилизирана, поради што беше принуден да ги одложи концертите во Мексико, закажани за 26, 29 и 30 ноември.

Во 2008 година, Бреговиќ доживеа сличен инцидент кога падна од височина од четири метри додека береше цреши. Потоа повредил лумбален пршлен.