Ѓорчев: Нас нè обвинуваа за автопатот Кичево-Охрид, а сега СДСМ троши 200 милиони евра без тендер за истиот автопат

Во студиото на ТВ21, вечерва разговаравме со Владимир Ѓорчев, пратеник во Собранието на Република Македонија кој рече дека СДСМ за автопатот Кичево-Охрид ќе потроши 200 милиони евра и тоа без тендер.

Тој посочи дека иако Власта ги обвинувала нив за истиот автопат, вечерва Ѓорчев праша како е можно да се трошат дополнителни пари за истиот автопат во вредност од 200 милиони евра.

Се вчитува...

За вечерашната дебата беа поканети и претставници од Власта, но до почетокот на емисијата не се одзваа на поканата.

 

Извор: ТВ21