Ѓорѓиевски ќе се кандидира за градоначалник на Град Скопје

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во интервју на ТВ Сител нагласи дека во последните три години тимот покажал решенија за сите предизвици, а не изговори. Според него, тој е посветен на својата работа и резултатите го потврдуваат тоа.

„Драго ми е што на анкетите добивам поддршка од сите скопјани и што граѓаните ме перцепираат како човек кој е спремен да се соочи и реши проблемите на главниот град“, вели Ѓорѓиевски.

Во однос на можноста да биде кандидат за градоначалник на Скопје, тој вели дека ако неговата партија го номинира, ќе го прифати предизвикот.

„Кисела Вода никогаш не имала градоначалник на Скопје, така што нема што да изгуби, напротив, ќе има само добивки, а тоа ќе им користи и на сите други општини и на сите скопјани“, додаде Ѓорѓиевски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното