Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши кадровски промени во неколку градски јавни претпријатија, поставувајќи нови вршители на должност во „Дрисла“ и „Градски паркинг“.
Во „Дрисла“ за нов в.д. директор е назначен Стевче Трпковски, поранешен градоначалник на општина Сопиште во три мандати. Тој ја презема функцијата од Самир Хусени, кој ја водеше установата за време на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска.
Промени има и во „Градски паркинг“, каде за в.д. директор е именуван Владимир Кроневски од коалицијата Демократски сојуз. Тој го заменува Мартин Гаврилски, кој досега ја извршуваше функцијата.
Со овие назначувања, Град Скопје продолжува со усогласување на раководните позиции во јавните претпријатија во пресрет на претстојните урбани и комунални активности.