Македонија

Ѓорѓиевски започнува теренска посета низ сите скопски општини

Ѓорѓиевски започнува теренска посета низ сите скопски општини

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави почеток на голема теренска посета низ сите скопски општини, со цел директна средба со граѓаните и увид во состојбите на терен.

Како што информираше преку социјалните мрежи, посетите ќе опфатат средби со жители, разговори за локалните проблеми и тековните проекти, како и директна комуникација со јавните претпријатија и градските служби.

„Скопје се гради со работа, со збор што се исполнува и со гласот на граѓаните“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека теренските средби ќе овозможат побрзо решавање на проблемите и конкретни одговори за потребите на скопјани.

Според најавата, заедно со него на средбите ќе присуствуваат и директори на јавните претпријатија на Град Скопје, како и претставници од повеќе градски сектори.

Првата средба ќе се одржи во Општина Кисела Вода, во Домот на култура „Билјана Беличанец“, на 27 мај со почеток во 19:30 часот.

Ѓорѓиевски оцени дека во изминатите шест месеци биле започнати и реализирани повеќе проекти кои, како што наведува, со години биле оставени без реализација, додавајќи дека „Скопје денес е големо градилиште“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни