Во текот на денот нови пожари избувнаа во Националната шума во Лос Анџелес, на нерамна површина над лабораторијата на Националната вселенска агенција (НАСА) и тие се гаснат, соопштија денеска пожарникарите.
Лабораторијата на НАСА е веќе затворена, поради пожарот во Итон.
Областа каде што избувна новиот пожар е популарна за пешачење, во близина на Милард Фолс, јави Би-Би-Си.
Според соопштението од канцеларијата на шерифот во Лос Анџелес, 16 лица загинале во неколку пожари кои горат во околината на градот од минатиот вторник, додека по најмалку 16 исчезнати лица се трага.
Како што пренесува Лос Анџелес Тајмс, властите на тој град објавиле дека во текот на претходната ноќ во пожарните зони уапсиле уште 29 лица, меѓу кои и еден осомничен за кражба кој не бил облечен како пожарникар.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом изјави дека 72 пожарникари од Мексико пристигнале во Лос Анџелес и помагаат во гаснењето на пожарот.
Пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите во областа на Лос Анџелес, во Пацифик Палисадес, Итон, Кенет и Херст.