Штипските пожарникари во моментов се обидуваат да спасат свињарска фарма чии сопственици се недостапни. Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи во фармата е само едно лице кое не може да стапи во контакт со нив.
Попладнево изби пожар во село Пиперово, Штипско каде гори шума. Побарана е воздушна подршка и еден полициски хеликоптер ќе се вклучи во гаснењето на пожарот.