Македонија

Горивата повторно поскапуваат – ова се новите цени

Горивата повторно поскапуваат – ова се новите цени

Нов ценовен удар ги очекува возачите во земјава. Од полноќ повторно поскапуваат сите нафтени деривати, откако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени.

Најголемо зголемување има кај екстра лесното масло за домаќинство, кое поскапува за 8 денари по литар. Новата цена на ЕЛ-1 ќе изнесува 105 денари за литар.

Дизелот, пак, поскапува за 6 денари. Еуродизелот од полноќ ќе се продава по 101 денар за литар.

Повисоки цени ќе има и кај бензините. Еуросупер БС-95 поскапува за 3 денари и ќе чини 97 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 со истото зголемување ќе достигне цена од 99 денари за литар.

Поскапува и мазутот М-1 НС, чија цена се зголемува за 1,591 денари по килограм. Новата малопродажна цена ќе изнесува 46,001 денари за килограм.

Од РКЕ објаснуваат дека најновата корекција на цените е направена согласно движењето на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи, како и промените во курсот на денарот во однос на американскиот долар.

Со новото поскапување, најголем удар повторно ќе почувствуваат корисниците на дизел гориво и екстра лесно масло за домаќинство, кои од полноќ ќе плаќаат значително повеќе за литар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни