Свет

„Господ нема да прости“, рече украинскиот претседател Зеленски додавајќи „Русија утре ќе нѐ бомбардира“

„Господ нема да прости“, рече украинскиот претседател Зеленски додавајќи „Русија утре ќе нѐ бомбардира“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва објави ново видео на Фејсбук, последната недела пред Великиот пост.

„Денес е недела на прочка. Но, не можеме да им простиме за стотиците жртви. Ниту илјадниците и илјадници кои страдаа“, беше напишано на видеото.

„И Бог нема да прости. Не денес. Не утре. Никогаш. И наместо прошка, ќе има суд“.

Зеленски ја обвини Русија дека планира „намерно убиство“ при гранатирањето на украинска територија.

„За утре Русија официјално објави гранатирање на нашата територија. Нашите претпријатија од одбранбениот комплекс. Повеќето беа изградени пред неколку децении од советската влада, изградени во градовите. И сега тие се среде обична урбана средина“, рече Зеленски. „Таму работат илјадници луѓе. Стотици илјади живеат во близина“.

Тој додаде: „Ова е убиство. Намерно убиство“.

Видеото објавено на социјалните мрежи во саботата покажува делови од украинска фабрика за тенкови надвор од Житомир, Украина околу 140 километри западно од Киев која е срамнета по руските воени напади.

Зеленски рече дека не се слушнал со ниеден сојузник во неделата.

„И јас не слушнав реакција од ниту еден светски лидер денес. Од ниеден западен политичар. Нема реакции на оваа објава. Размислете за чувството на неказнивост на окупаторите: тие ги најавуваат злосторствата што го планираат. Зошто?“

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во неделата соопшти дека Русија „најверојатно“ ги гаѓа населените области во Украина како обид да го скрши моралот на земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни