Гостиварец паднал од кров додека го чистел оџакот

Во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, вчера ( 2 јануари ) околу 17 часот и 30 минути бил донесен 64-годишниот гостиварец Ќ.А, кој половина час пред тоа, чистејќи го оџакот на својата куќа, се лизнал и паднал од покривот на просторот помеѓу соседната куќа.

Од паѓањето, Ќ.А. задобил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош, итно е префрлен на скопските клиники.

Се вчитува...

Извршен е увид и се расветлуваат сите поединости поврзни со овој случај.

Извор: ТВ21