Градежна експанзија на сметката на зеленилото, шест нови паркинзи ќе никнат во Чаир - 4NEWS.mk
Поврзи се

Македонија

Градежна експанзија на сметката на зеленилото, шест нови паркинзи ќе никнат во Чаир

Фадиљ Амети веќе 50 години живее во Топанско Поле. Вели дека во Чаир се гради многу, но  хигиената според него е на многу ниско ниво. Во минатото, се присетува Амети, градењето не било толку интензивно, па поради тоа ова место било почисто и позелено за разлика од сега.

„Секако дека е подобро, без градби. Населбата е изградена. Парковите се посредени. Недостига хигиена. Ми се чини дека тогаш имаше повеќе чистота. Чистота околу парковите, тоа недостига“, изјави Фадиљ Амети, жител на Чаир.

 Еко-активистот Африм Османи вели дека надлежните институции треба да ги казнуваат граѓаните кои ги уништуваат зелените површини. Предлага да се намали изградбата на објекти и да има повеќе паркови и зеленило.

„Градењето е една од главните причини за уништување на парковите, зеленилото и сечата на дрвја. Еднаш засекогаш треба да се реши прашањето за градење. Новите градби, градежништвото, претставува еден од главните фактори за уништување на зелените површини“, изјави Африм османи, еко-активист.

 Од друга страна, во недостиг на паркинзи, граѓаните ги паркираат нивните возила на зелени површини.

„Граѓаните ги узурпираат зелените површини со своите автомобили бидејќи немаат доволно паркинзи. Градоначалникот на општина Чаир вети дека ќе изгради нови паркинг места“ – Арбана Ќерими, репортерка на ТВ21.

 Првиот човек на Чаир, Висар Ганиу вели дека од јуни ќе започне изградба на нови паркинзи во оваа општина. Паркинг ќе има во близина на улицата „Цветан Димов“, втор на популарната Пластичарска улица, потоа кај Исабеговата џамија и еден кај Албанскиот театар на Бит Пазар.

„Во иднината ќе бидеме поригорозни во овој аспект. И сега, секој кој се обидел да влезе со автомобил во парковите што ги реновиравме, го имаме пријавено во полиција и преземавме мерки за нивно казнување. Секоја инвестиција што ја правиме е добро да ја чуваме, бидејќи тоа е за доброто на нашите граѓани“, изјави Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир.

Во општина Чаир, уредени се шест паркови и се инвестирани над два милиони евра за зелени површини.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com