Македонија

Градоначалникот на Битола: Задолжителниот референдум е единствената можност да се слушне гласот на македонскиот народ!

Градоначалникот на Битола: Задолжителниот референдум е единствената можност да се слушне гласот на македонскиот народ!

Македонската историја, македонскиот јазик, идентитет и култура се неразделив дел од животот на генерации Македонци.

Напредокот и европските перспективи на нашата држава, треба да се реализираат со континуирана надградба на вредностите, промоција, меѓусебно почитување и добрососедска соработка, а никако со договори кои можат да доведат до идентитетско обезличување.

Задолжителниот референдум е единствената можност да се слушне гласот на македонскиот народ, кој ќе се спротистави на ставањето на Македонија во подредена позиција.

Референдум!

За да ја зачуваме историјата и врз нејзините темели да ја градиме иднината на новите генерации.

ФЕЈСБУК СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА О. БИТОЛА

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни