Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска во име на своето лично име и во име на Општина Кавадарци, изрази длабоко сочувство до семејствата на лицата кои настрадаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец Плетвар – Кавадарци, во село Дреново.
„Во овие тешки моменти, сакаме да знаете дека како општина, стоиме целосно на располагање за се што ќе биде потребно, денес и понатаму. Тука сме за поддршка и помош за семејствата и нивните поколенија“, истакна Јанчев.
Тој исто така им посака брзо и целосно закрепнување на повредените лица кои се хоспитализирани на КАРИЛ и нагласи дека општината е во постојан контакт со семејствата на повредените, како и со клиниката, со цел да продолжи да им обезбедува поддршка во секој чекор.
„Нека им е вечна слава на починатите. Бог да даде сила и утеха на нивните семејства“, порача градоначалникот на Кавадарци.