Балкан

Градоначалникот на Загреб чистеше смет заедно со вработените во комуналното претпријатие

Градоначалникот на Загреб чистеше смет заедно со вработените во комуналното претпријатие

Утрово беше постигнат договор меѓу работниците во „Чисточа“ и Томислав Томашевиќ и беше прекинат повеќедневниот штрајк. Работниците од денеска ќе го собираат сметот во Загреб.

Томислав Томашевиќ на прес-конференцијата опиша како е постигнат договорот, но рече и дека денеска тој и работниците во улога на помошен работник ќе го собираат сметот низ Загреб.

„Ова беше искрен и добар разговор што го имавме со работниците. Благодарам на сите работници за трпението. Она што е јасно е дека треба да се подобрат условите за работа. Се понудив денеска да одам да поминам неколку часа со работниците на терен. Затоа сум така облечен. Ќе одам да видам како се на теренот, на терен сум следните неколку часа. Знам дека е Собрание и во следните неколку часа ќе направам се што можам како помошен работник“, рече Томашевиќ.

„Јас сум вака облечен и одам на терен за да учам од нив како да работам. Би ја работел целата смена, но морам да се вратам на седницата“, изјави Томашевиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни