Македонија

„Градот убав пак ќе никне“ е денешната порака на скопското Кале!

„Градот убав пак ќе никне“ е денешната порака на скопското Кале!

Денеска се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 05:17 часот во 1963 година.

По тој повод на скопското Кале може да се забележи светлечка порака „Градот убав пак ќе никне“.

Инаку, Скопје е познат и по епитетот „град на солидарноста“ откако по земјотресот веднаш првата помош за граѓаните дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, додека пак само неколку дена подоцна започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет.

Вкупно 87 нации од светот испратиле помош во Скопје и помогнале градот да се изгради повторно.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни