На редовна седница Владата на Република Северна Македонија донела одлука за преименување на стадионот „Филип Втори“ во Национална Арена „Тоше Проески“, потврдуваат од Владата за ТВ21.
„Утрово на редовната 129. седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја“, велат Владата на РСМ.
The post Градски стадион место „Филип Втори“ ќе се вика „Тоше Проески“, одлучи Владата appeared first on ТВ21.