Гратскиот трговски центар денеска кратко останал без струја.
Според информациите на Курир, дуќанчиите се сомневаат дека властите на трговскиот центар не ги подмириле финансиските средства, иако тие уредно секој месец си плаќале за струја.
Засега не е познато дали се работи за дефект или пак за исклучување од страна на ЕВН како што денеска истото беше направено со Јавното претпријатие Железници.
Инаку на „конец“ виси и исклучувањето на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, но премиерот Ковачевски уверува дека тоа нема да се случи.