Граѓани крадат дрвја од парк шумата Гази Баба, уништени информативните табли и реквизити

На влезот на парк шумата Гази Баба не можат да се прочитаат препораките за тоа како треба посетителите однесуваат, затоа што информативната табла е уништена. Во првото катче има неколку кеси. Откорнати засадници, уништени реквизити.

Од друга страна, млади лица вежбаат. Некои трчаат, а пак други дојдени на пикник.

69 годишниот Решад Стрезовиќ го затекнавме како вежба. 20 години бил професионален боксер и првак на Југославија.

„Јас сум тука секој ден и убаво ми оди. Нема еден ден, а да не дојдам овде. Било кое време. Кога е дождливо одам по тој бел песок има стаза. Кога е вака суво на трева“, вели Стрезовиќ.

Во паркот Гази Баба два пати неделно доаѓаат фудбалерите на „Шкупи“. Тие велат дека Гази баба им нуди одлични услови за трениг.

„Ова место тука е многу добро за спортистите, затоа што како што можете да видите воздухот е чист. Ние тука доаѓаме два пати неделно и просечно трчаме дванаесет километри“.

„Многу е добро за еден спортист да излезе и да трча на ваков амбиент. Сите големи играчи се подготвуваат во ваков амбеинт. Трчањето е дел од играта“.

Професорот од Шуамрскиот Факултет Љупчо Несторовски вели дека зеленилото е значаен фактор за чист воздух. Според него колку повеќе чисти и зелени површини, толку поквалитетен чист воздух ќе дишат граѓаните.

„Скопје е несреден град, прљав град, имаме прашини, имаме несредени зелени површини диви, кои се извор на сите тие честички кои го загадуваат воздухот. Не може дрвото и зеленилото да го реши овој проблем посебно не во зима, затоа што во зима дрвата спијат“, изјави Несторовски.

Ваљон Салиу од Град Скопје вели дека постојано работат на реконструкција на паркот затоа што несовесни граѓани ги уништуваат реквизитите на паркот.

„Апелирам до граѓаните да го чуваат јавниот простор затоа што ги користиме сите. Со ваков вандализам, нема простор за инвестирање во нешто ново, но цело време потребно е да се реконструираат работите што се таму“, рече Салиу.  

Гази Баба претставува најзелен сегмент од градот Скопје. Парк шумата се простира на територија од преку 100 хектари. Град Скопје има одвоено 1 милион денари за реконструкција на паркот.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното