Граѓаните да придонесат за чист воздух, Дединец: Што повеќе да се користи јавниот превоз

Освен мерките кои треба да ги преземат институциите, и граѓаните треба да дадат свој придонес, со цел воздухот да биде помалку загаден.  Ова го изјави за РСЛ, Александар Дединец, научник во МАНУ за енергетика и животна средина. Според него граѓаните треба што повеќе да го користат јавниот превоз, да ја намалат температурата на греење во нивните домови, наместо да се греат на 28 степени, да се обидат температурата да биде нешто пониска. Тој рече дека и општинските претпријатија при чистењето на лисјата да на употребаат машини кои дуваат, поради правот кој се крева. Меѓутоа, Дединец рече дека овие се краткорочни мерки, и дека тие сакат проблемот да го решат на систематски начин  и да ги откријат изворите за тоа кои се најголеми загадувачи.

“Ние сакаме проблемот да го решиме систематски, не само да превенираме, туку да се излечиме од овој проблем. Овие краткорочни мерки се превенција, да се адаптираме на загадувањето, да гледаме да го намалиме во моментот, но ние сакаме да ги најдеме изворите кои најмногу придонесуваат за тоа и да можеме да го тргнеме изворот кој придонесува до тоа и затоа нашата визија е за почисто Скопје до 2025 година”, изјави Александар Дединец, научник во МАНУ за енергетика и животна средина.

Постојано се прават студии, но без ефект на квалитетот на воздухот. Дединец вели дека властите веќе научиле од грешките и дека Владата веќе ги прифатиле предложените мерки од МАНУ.

“Точно е дека се изработуваат студии, но мислам дека не така многу се третираше прашањето за животна средина во минатото за разлика од сега, каде не само во Македонија, ова прашање на светско ниво се крева на високо ниво, така што учиме од грешките и не треба да се повторуваме, треба итно да интервенираме сега и мислам дека Владата е отворена за соработка во овој дел, студиите и мерките што ги предлагаме во одреден дел се прифатени, како што се субвенција на возила, промена на оданочувањето и итн. Има слух, има желба, треба да се работи и понатаму на тоа и треба побрзо да се имплементираат овие мерки”, истакна Дединец.

Меѓутоа, Дединец инсистира граѓаните повеќе да придонесат за намалување на загаденоста на воздухот. Тој рече дека според една студија на УНДП, врз основа на еколошките параметри, само 1% од граѓаните избираат да се греат со помош на технологијата. Инаку, воздухот е загаден речиси во сите градови во Македонија, но загадувањето  енормно е во Скопје, Тетово и Битола, кои се најдоа меѓу најзагадените градови во светот.

Репортер: Артан Нухиу

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното