Побаравме можност од Грција дали има и друг начин како граѓаните кои немаат нови документи да не ги заробиме, рече вечерва во интервју за Сител новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Бидејќи овие граѓаните кои немаат извадено патни исправи буквално ќе бидат заробени“, додаде министерот.
Сител: Можно е такво нешто?
„Искрено не се надевам дека ќе има такво решение, дај боже да има, но не се надевам. Со ништо не допринеле тие кои биле пред мене за да им помогнат на граѓаните“, одговори Тошковски.
„До 12-ти февруари? Нема теорија, да не се лажеме, ова е математика. Нема никаква теорија. Да не очекуваат граѓаните дека имаме магично стапче“, додаде Тошковки.
Тошковски најави дека во наредниот период ќе бидат распределени лица за да се оспособат сите 12 кабини за фотографирање во пунктот „Пролет“.