Граѓаните ќе добијат средства од „Мој ДДВ“ во законскиот рок – до крајот на ноември

Иако веќе се приближува крајот на ноември, дел од граѓаните сè уште не го добиле повратот од скенирање фискални сметки преку проектот „Мој ДДВ“.

Министерството за финансии уверува дека средствата ќе бидат префрлени на сметките на граѓаните до крајот на месецот.

– Исплатата на средствата за скенирани фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот. За третиот квартал (јули–септември), законскиот рок за исплата е до 30 ноември 2025 година, велат од Министерството.

Граѓаните кои го користат „МојДДВ“ можат да очекуваат дека повратот ќе биде видлив на нивните сметки во претстојните денови, со што ќе се заврши процесот за третото тромесечје од годината.