Граѓаните на Скопје до 2 април можат да ги платат долговите за вода без камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење и
започнува од 17.02.2025 година, а завршува заклучно со 02.04.2025 година.

Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и
редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното