Поврзи се

Македонија

Граѓаните песимисти, синдикатот оптимист – поделени мислењата околу владината финансиска инјекција

Published

on

Дали  владината финансиска инјекција од 470 милиони евра  ќе биде наменски искористена ? Поделеност  меѓу граѓаните и Синдикатот. Првите се  песимисти,   не веруваат дека парите кои Владата им ги испорача на работодавачите ќе стигнат на вистинска адреса.

-Текстот продолжува по рекламата-

Анкета граѓани:

„Не, не, затоа што сум песимист за сите работи па и за ова .Кај нас ништо не се почитува па ни ова“.

„Тоа е убаво од Владата што превзема такви чекори ама колку ќе биде ефективна таа мерка не знам оти и јас сум невработен, со 5000-6000 од Завод терам па секоја помош е добредојдена..“

„Работодавачите земаа пари од Владата а потоа ги бркаа вработените“

„Во нашата држава се така функционира- земи што можеш да земеш изиграј го законот“

„Не,не играат чесно. И ние имаме приватен сектор, не играат чесно….Се случуваше да земат субвенции да отпуштат вработени…Да, да така си прават“.

Наспроти песимизмот на граѓаните,првиот човек на Синдикатот на работниците Дарко Димовски оптимист. Вели Владата ги сослуша дел од барањата на Синдикатот,  меѓу кои и најважното субвенциите за работниците

„Задоволни сме што ни се прифати првото барање кое беше субвенционирање на платите за месеците Октомври,Ноември и Декември. Тоа субвенционирање ќе биде од 14.500 се до 21  770 денари со тоа што за да се исполни тој услов треба Компаниите да ги задржат бројот на работници заклучно со 31 .07 .Значи ако работеле 50 работници тогаш за да ги земат субвенциите мора и за месец Октомври да пријави работодавачот дека има 50 работника,т.е ако испуштил апелирам до работодавачите пак да ги вратат назад работниците за да ги земат овие субвенции“, посочи Дарко Димовски.

Незадоволството кај  Димовски е како што вели, што од технички причини Синдикатот не успеал да се избори парите да легнат директно на трансакциона сметка на работникот со цел избегнување на малверзации од страна на работодавачот.

„Сакам да апелирам до несовесните работодавачи кои во минатото не ги дадоа субвенциите што ги земаа од март па се до август да не пробуваат ова да го направат бидејќи ние како ССМ баравме да се вметне  еден член за да ги заштитиме работниците, во кој јасно кажува секој работодавач што ќе ги земе субвенциите а не ги исплатил на работникот во целост ќе следува кривична пријава .Кривична пријава е еднаква на затвор“, додаде Дарко Димовски.

Со цел заштита на работникот, Синдикатот како што најави Димовски, во иднина ќе бара преку законско решение покрај месеците Октомври,Ноември и Декември работодавачот да има обврска уште најмалку три месеци да не може да ги испушти тие работници .Инаку мерката за субвеницонирање според четвртиот сет владини мерки  треба да ги опфати компаниите кои поради Ковид кризата имаат намалени приходи за 30 и над 30 проценти.

.

Извор: ТВ21

Совет за етика во медиуми

Македонија

Ковачев: Бугарија не е фашистичка држава, ниту владеел некој фашист, ниту пак царот Борис е фашист

4NEWS.mk

Ќе доцнат ли платите во ноември?

Македонија

Поштата пропадна, кој ќе сноси одговорност? – Директорот молчи, Владата лош менаџер

4NEWS.mk

Николовски ја „спакува“ Димова: Ако не си поднесе оставка Владата ќе ја разреши

Македонија

Дилема меѓу ДУИ и СДСМ за „државни патишта“? – ТВ21 дознава дека ЕУ ќе додели 1 милијарда евра за инфраструктура

Македонија

Зошто е проблем ако едниот носи маска, а другиот не?, објаснува Караџоски

Македонија

Таравари: Да се формира широка коалиција поради Ковид-19, а потоа со локалните одиме и на парламентарни избори

Македонија

Филипче: Мини жаришта во моментов се Скопје, Штип и Струмица, овие мерки кои ги предлагаме ќе дадат резултат ако се почитуваат

4NEWS.mk

Стоилковски: Издадена е наредба за мое присилно приведување

Македонија

Со 1,3 милиони евра си купувал плацеви на Водно – ОЈО: Донациите за партијата, завршиле кај Груевски

Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО Николовски во Клик Плус: Ќе побарам оставка од Лидија Димова!

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com