Вечерва граѓаните на Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија беа сведоци на ретка и импресивна глетка на небото. Се појавила необична светлосна спирала, која брзо се вртела, а потоа исчезнувала.
Феноменот предизвика голем интерес, а бројните посетители на бројни портали испратија слики и видеа од кои навистина ви застанува здивот, објави Вечерњи лист.
„Каква чест беше да се види ова!“, рече еден читател, додека друг читател додаде:
„Останав во шок. Не знаев што е тоа. Се вртеше и брзо исчезна“.
Друг читател ја опиша необичната сцена:
„Брзо тргна. Од некаде над Австрија до над Запрешиќ за околу 15 секунди“.
Nebo je u Prijedoru posebno čudno večeras. pic.twitter.com/cufwIveq95
— Ne zovi me na Viber (@AVucen) March 24, 2025
Според Business Insider, со оглед на описот и претходните слични појави, многу е веројатно дека станува збор за истекување гориво од неодамна лансираната ракета „SpaceX“ од Флорида.
Имено, „SpaceX“ ја лансираше својата ракета „Falcon 9“, а лансирањето се случи од базата на вселенските сили во Калифорнија. Последното вакво лансирање се случи во саботата, кога слични појави беа забележани и на небото.