Според анкетата реализирана од ТВ21, граѓаните се скептични дека предвремените избори ќе подобрат нешто. Неколкумина од анкетираните велат дека не треба да имаме избори и дека фактот што пречесто имаме избори, влијае граѓаните да не излезат на гласање. Други пак, велат дека се трошат премногу пари и дека ништо не се менува.
Невладината организација Цивил, бара да се разгледа датумот за предвремените парламентарни избори со образложение дека избирачкиот список се уште не е прочистен, а нема ниту време за интервенции во Изборниот Законик.
Од друга страна, првиот човек на ДИК, Оливер Дерковски , вели дека комисијата е подготвена да ги организира изборите и дека минимум им се потребни 52 дена. Инаку, предвремените парламентарни избори се закажани за 12 април следната година.