Вчера се рашири веста дека Грајмс и Илон Маск го добија своето второ дете, девојче кое го нарекоа Екса Дарк Сидерел, но ја нарекуваат И. Музичарот проговори за нејзината врска со Маск и откри дека тој никогаш не се однесувал како милијардер.
“Тој не се однесува како милијардер. Понекогаш живее под прагот на сиромаштија”, изјави Грајмс за Vanity Fair.
„Понекогаш го прашував зошто живееме во толку несигурна куќа, вредна 40.000 долари, каде што нè снимаат соседите, нема осигурување, а јас јадам путер од кикирики осум дена по ред“, објасни музичарот. Таа додаде дека Маск порано не сакал ниту да купи нов душек бидејќи „не сакал да троши пари“.
Грајмс вели дека е свесна дека луѓето ќе се прашуваат каде Маск потоа ги троши сите свои пари, но музичарот тврди дека тој инвестира многу во своите проекти.
„Многумина би рекле дека е глупаво, но тој ја прави вистинската работа“, заклучи Грајмс.
